За првпат во историјата обезбедија пласман во Бундеслигата, па на стадионот следуваше лудница (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Кил Холстеин за првпат во клупската историја обезбедија настап во германската Бундеслига.

Пласманот во најсилната германска конкуренција го обезбедија во претпоследното 33. коло откако на свој терен одиграа 2:2 против Фортуна Дизелдроф и така обезбедија едно од првите две места кои водат директно во друштвото на најдобрите.

Во натпреварот во кој им требаше само бод, Кил рано поведе со голот на Бенедкт Пичер во втората минута, а конечните 1:1 беа поставени во 70. минута од пенал. Со ова реми Кил ја задржа предноста од пет бодови во однос на третопласираната Фортуна и така стана недостижен бидејќи до крајот има уште еден натпревар.

Многу блиску до промоција во Бундеслигата е и второпласираниот Ст. Паули кој има 63 бода и во последните две средби потребен му е само бод. Прва прилика ќе има во денешниот натпревар против Оснабрук.

Иако Кил никогаш не играл во Бундеслигата има и една титула шампион на Германија. Имено, таа ја освои во 1912 година кога првенството се играше само во куп систем, Бундеслигата е основана во 1963 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани