245
Македонскиот фудбалер Стефан Јевтовски се врати во домашниот шампионат и во наредната сезона ќе го носи дресот на Струга Трим Лум.
Јевтовски има 26 години и пристигнува да ја засили дефанзивната линија на тимот од Струга. Во редовите на македонскиот шампион доаѓа како слободен играч откако не го продолжи договорот со унгарски Ујпешт.
Станува збор за екс-младински репрезентативец на Македонија кој играше за Ујпешт од 2021 година, меѓутоа имаше и проблем со тешка повреда, па следуваше долг период на адаптација.
Покрај Ујпешт во кариерата играше уште за Арсенал Киев, Вараждин, Локо Пловдив и домашните Работнички и Металург.