72
Интересна е приказната за Матео Габија, стоперот на Милан кој стави потпис на нов договор.
„Росонерите“ на стартот на минатата сезона се откажаа од услугите на дефанзивецот, го испратија во Виљареал на позајмица со право на откуп. Габија не беше стандарден во Шпанија, практично и не играше, а поради проблеми со повредите Милан побара и доби прекин на позајмицата.
Минатиот јануари Габија се врати во Италија, доби шанса како резервист и почна да покажува одлични партии. Стоперот се покажа како стабилно решение во минатата, а игра и во оваа сезона за „росонерите“.
Поради тоа сега си заработи нов договор со клубот, Габија се обврза на верност до 2029 година.