Завршија на средина на табелата во Ла Лига, па го сменија тренерот по шест години

by Стефан
1 минути читање

Висенте Морено е назначен за нов тренер на Осасуна, објави клбуот од Памплона.

На клупата на Осасуна, Морено пристигнува на местото на Јакоба Арасате кој би требало во новата сезона да ја води Мајорка.

Арасате тренер на Осасуна беше од 2018 година. Сезоната Осасуна ја заврши на 11-то место на табелата во шпанската Ла Лига со 45 освоени бодови.

Во кариерата претходно, Морено ги водеше тимовите на Алмерија, Ал Шабаб, Еспањол, Мајорка, Ксерез и Гимнастик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани