Жестоки критики за Зидан: Тој е еден обичен лажго!

by Стефан
1 минути читање

Францускиот стратег Зинедин Зидан зборуваше за неговата љубов кон градот Марсеј и во тоа интервју истакна дека жали затоа што никогаш не заиграл за клубот од овој град.

Зидан од француските клубови играше за Бордо и Кан, но не и за Марсеј, градот од каде што е роден.

„Навистина жалам што никогаш не заиграв за Марсеј, но денес не можам ништо да променам. Мојата кариера ме однесе во поинаков правец“, гласеше изјавата на Зидан.

По ваквата изјава на Зидан следуваше и реакција од Жереми Ротен.

„Знам дека сака да покаже поврзаност со Марсеј, но еве зошто сега не оди да биде тренер таму? Со еден телефонски повик се би се завршило. Тој не е искрен и е еден обичен лажго. Ако имаш сон тогаш сакаш да го оствариш, а во неговата ситуација има прилика“, изјави Ротен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани