Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одржа ждрепката за новото издание, првпат по нов формат за Светското клупско првенство. Како никогаш досега, налик на Мундијалите за репрезентации ќе се игра турнир кој ќе трае речиси еден месец, со 32 клуба од шест конфедерации.
На извлекувањето еден од водителите беше легендарниот Алесандро Дел Пиеро, како човек кој ги објаснуваше процедурите. Се извлекоа осум групи со по четири клуба.
- Групи за Светското клупско првенство:
Група А: Палмеирас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами
Група Б: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ботафого, Сиетл Саундерс
Група Ц: Баерн Минхен, Оукленд Сити, Бока Јуниорс, Бенфика
Група Д: Фламенго, Есперанс Тунис, Челси, Клуб Леон
Група Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер
Група Ф: Флуминенсе, Борусија Дортмунд, Улсан, Мамелоди
Група Г: Манчестер Сити, Видад, Ал Аин, Јувентус
Група Х: Реал Мадрид, Ал Хилал, Пачука, Салцбург
Турнирот ќе се одржи во Соедиетите Американски Држави од 15 јули до 13 јули во 2025 година.
Што се однесува до форматот, во групите се игра по еден меч, а двете најдобропласирани екипи одат во осминафиналето. Мечот за трофејот е закажан за 13 јули на „МетЛајф стадион“ во Флорида.