Ендрик: Немаше дилема, Реал е најголемиот клуб на светот и ќе си го исполнувам сонот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Младата бразилска ѕвезда Ендрик ова лето ќе го направи трансферот на кариерата и од Палмеирас се сели во Реал Мадрид. На 17-годишникот му се предвидува голема кариера, а интересот за него кај европските великани беше голем.

Ендрик неодамна се повреди и работи на враќање во оптимална форма пред преселбата во Мадрид. Тој зборуваше на повеќе теми, се осврна на сонародниците со кои ќе ја дели соблекувалната, но и самата големина на Реал.

„Тренирам, правилно се хранам и индивидуално работам за да се вратам. Ќе го запознаам најголемиот клуб на светот, тоа е сон на секој играч кој го сака фудбалот. За мене е исполнување на мојот сон. Имам добар однос со Вини и Родриго, тие се млади и Бразилци кои многу добро се прилагодија на начинот на игра во Шпанија. Нивната приказна е инспирација и многу ќе ми помогне. Знам дека е задолжително да станеш европски првак ако си во Реал. Лигата на шампионите е турнир за кој тие секогаш размислуваат, а тимот не смее да започне сезона со други мисли.

Златната топка е последица на успех, знам дека тоа не е најважната работа, за мене клубот е секогаш на прво место. Што се однесува до изборот на клубот (меѓу Реал и Барса), немаше вистинска дилема. Мадрид секогаш бил сонот, немав што да бирам. Ќе играм за најдобриот клуб на светот“, изјави Ендрик.

Минатата сезона во Бразил младиот Ендрик беше првак со Палмеирас, а постигна 11 погодоци во шампионскиот поход. Во новата кампања која е на половина Ендрик даде четири погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани