Ендрик го стигна Пеле, па порача: Во Реал Мадрид сакам да останам цел живот

by Стефан
2 минути читање

Бразил во Тексас пред 85.000 навивачи со 3:2 го победи Мексико. Имаше предност Бразил од 2:0, но Мексико дојде до 2:2, а победничкиот гол за „Кариоките“ во 96. Минута го постигна 17-годишниот Ендрик.

Ендрик треба да биде новата ѕвезда на Реал Мадрид каде што официјално ќе пристигне во Јули. За него ова беше трет натпревар во низа за Бразил на кој постигнува гол.

Вкупно во дресот на бразилската репрезентација настапи на пет натпревари и постигна три гола. Со овој учинок се изедначи со Пеле. Двајцата се единствените фудбалери кои уште малолетни стигнале до бројката од три гола за „А“ репрезентацијата.

Ќе потсетиме, Ендрик ова лето ќе наполни 18 години и тогаш ќе премине во Реал Мадрид. Палмеирас од Реал Мадрид за неговите услуги како оштета ќе добие 55 милиони евра.

Во Реал тој ќе се придружи на неговите сонародници, Винисиус и Родриго, а како што е познато во Мадрид од ова лето ќе биде и Килијан Мбапе.

„Се надевам дека цел живот ќе го поминам во Реал Мадрид. Колку повеќе одлични играчи имам во екипата, толку повеќе уживам, а сега ќе играм со најдобрите во светот“, изјави Ендрик по натпреварот против Мексико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани