Еден од најтрофејните клубови во Франција се врати во елитата

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Сент Етјен се вратија во елитниот ранг на фудбалот во Франција.

Еден од најтрофејните клубови во Франција следната сезона пак ќе игра во Лига 1, откако го доби баражот и го испрати Мец меѓу второлигашите. Сент Етјен во првиот натпревар славеше со 2-1, а во реваншот по продолженија се избори за нерешени 2-2, со што си обезбеди прволигашки статус.

Мец има за што да жали бидејќи испушти два гола предност. Иако играше со црвен картон уште од шестата минута Мец успеа да поведе со 2-0 преку Камара и Микаутадѕе до 25. минута. Дополувремето на 2-1 намали Петрот, а овој резултат остана активен до крајот на мечот. Се влезе во продолженија и во нив решавачкиот гол го постигна Вадџи во 117. минута.

Сент Етјен мина две сезони во Лига 2, а сега се враќа во елитата. Инаку, овој клуб има десет шампионски титули во францускиот елитен ранг, исто колку Олимпик Марсеј, а два помалку од ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани