135
Дидие Дрогба долго време го носеше дресот на Челси и прерасна во вистинска легенда на „сините“, а по него клубот не успеа да пронајде таков голгетер.
Напаѓачот Давид Датро Фофана пристигна со големи очекувања, а го нарекуваа и „новиот Дрогба“, но тој никогаш не доби прилика да се докаже во Лондон.
Посебно остана „отпишан“ беше со доаѓањето на новиот тренер Енцо Мареска кој воопшто не смета на него. Така Фофана беше испратен на позајмица во Грција.
Тој во актуелната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер за тимот на АЕК кој ќе може да го откупи неговиот договор за 20 милиони фунти.