Дончиќ доби две фудбалски прашања: Кој ќе го освои ЕП? Словенија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Една од најголемите кошаркарски ѕвезди на денешницата Лука Дончиќ доби интересно фудбалско прашање.

За време на прес-конференција во склоп на финалната серија во НБА лигата, еден од новинарите му постави прашања поврзани со друг спорт – фудбалот. Дончиќ беше прашан дали ја проследил трансфер сагата поврзана со Килиан Мбапе и Реал Мадрид, па прокоментира: „Веќе од претходно знаев за тоа. Не сум поразговарал со него откако потпиша“.

Покрај тоа, новинарот го праша словенечкиот плејмејкер какви му се предикциите за претстојното Европско првенство, а овој на заминување кратко одговори: „Словенија!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани