342
Тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, Динамо Загреб продолжи да доминира во хрватскиот фудбал и сезонава дојде до двојна круна.
Во одреден период од сезоната фудбалерите на Динамо беа во криза, но сепак на крајот успеаа да се вратат и одново да имаат успешна сезона.
Вечерва Динамо Загреб ја победи Ријека на гости со 1:3 и така заслужено дојде вториот трофеј во сезоната. Првиот натпревар од финалето на „Максимир“ заврши без голови.
Резултатот беше отворен по 28 минути кога погоди Сучиќ, а Батурина пред крајот на првиот дел зголеми на 0:2. Крај на надежите стави Булат со голот во 82. Минута. Почесниот гол Ријека го постигна преку Фрук во првата минута од судиското продолжение.