230
Фабрицио Романо открива дека Столе Димитриевски има откупна клаузула во договорот со Валенсија која под еден услов може да биде активирана уште ова лето.
Валенсија го купи Димитриевски под претпоставка дека ќе го продаде грузискиот голман, Мамардашвили, но тој уште е на Местаља.
Димитриевски во договорот со Валенсија има откупна клаузула од три милиони евра.
Само во случај ако Мамардашвили остане во Валенсија и ова лето, клаузулата на Димитриевски може да биде активирана уште во овој преоден рок.