Де Пол со страшен гол ја скрши Селта, Атлетико на чекор до ЛШ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се на чекор до заверка на пласманот во Лигата на шампионите, откако минимално славеа во мечот од 35. коло на Ла Лига против Селта (1-0).

Натпреварот на новата „Ванда Метрополитано“ беше решен во завршницата, а херој на четата на Чоло Симеоне беше резервистот Родриго Де Пол. Аргентинскиот фудбалер во 84. минута од натпреварот го постигна единствениот погодок на средбата, вреден победа и три бода. Самиот гол беше навистина ефектен, со волеј удар од шеснаесетникот и во спротивниот агол, неодбранливо за гостинскиот голман.

Со овие бодови Алетико е на „плус осум“ во однос на Атлетик Билбао на три кола пред крајот. Пласманот во Лигата на шампионите момците на Чоло ќе го избореа уште денес ако Билбао вчера не избегнеше пораз во последните секунди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани