507
Maтео Аполонио стана најмладиот фудбалер кој некогаш заиграл во професионалната лига во Аргентина.
Левиот бек на Депортиво Риестре, клуб од Буенос Аирес кога влезе на теренот во вчерашниот натпревар имаше 14 години и 29 дена. За повеќе од една година го сруши рекордот на Серхио Агуеро кој досега беше најмладиот дебитант во Аргентина.
Аполонио дебитираше во 84. минута од натпреварот во аргентинскиот куп во кој неговиот тим изгуби од Њуелс Олд Бојссо 0:1.
Го замени, Гонзало Браво. Агуеро на своето деби во Индепендиенте во 2003 година имаше 15 години и 33 дена и така го држеше тој рекорд повеќе од 20 години.