Дарко Велковски доби специјално признание пред натпреварот со Хрватска (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 19:00 часот го игра натпреварот против Хрватска, а пред овој дуел признание од Фудбалската федерација на Македонија доби дефанзивецот, Дарко Велковски.

Велковски кој и денес е стартер во одбраната заедно со Муслиу и Зајков доби признание за 50 одиграни натпревари во националниот дрес.

Кариерата Велковски во младинските категории на Македонија Ѓорче Петров, подоцна го носеше дресот на Работнички и Вардар од каде што го направи првиот интернационален трансфер во Ријека каде што помина четири години на стадионот каде што денес ќе игра Македонија.

По епизодата во Хрватска, Велковски се пресели во Ал Етифак од Саудиска Арабија, а денеска е члена на романски Динамо Букурешт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани