Давор Здравковски влезе во ритам и останува во шкотски Мадервел

by 24 фудбал
1 минути читање

Давор Здравковски е под договор со шкотскиот премиерлигаш Мадервел и во следната сезона треба да го носи дресот на овој клуб.

26-годишникот кој пристигна во Шкотска минатото лето по настапите на Кипар успеа да се консолидира. По нешто послабиот старт на сезоната, Здравковски почна да игра поредовно во дресот на Мадервел. Тој собра вкупно 31 официјален настап за клубот и постигна еден погодок со нешто повеќе од 1.800 минути на терените.

Договорот на Здравковски е со важност до следното лето, па така клубот потврди дека тој останува и следната сезона. Доколку не пристигне некоја примамлива понуда ова лето, Давор Здравковски се очекува да настапува во Премиер лигата на Шкотска барем уште една сезона.

Ова момче кариерата ја започна во Македонија Ѓорче Петров од каде се избори за трансфер во АЕЛ Лимасол. Во кипарскиот тим Здравковски мина шест години и собра преку 160 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани