231
Германската фудбалска репрезентација на натпреварот од осминафиналето на Европското првенство нема да може да смета за еден од главните дефанзивни адути.
Џонатан Та заработи жолт картон во првото полувреме од натпреварот против Швајцарија, а тоа значи суспензија од еден натпревар. Стоперот на Баер Леверкузен заработи јавна опомена и во првото коло против Шкотска, па поради тоа нема да му биде на располагање на селекторот Нагелсман во осминафиналето.
Германците го чекаат својот противник во првата нокаут рунда на шампионатот. Тие ќе се судрат со второпласираната селекција од групата Ц каде што се натпреваруваат Англија, Данска, Словенија и Србија.