Гираси донесе победа и второ место за Штутгарт во Бундеслигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Штутгарт ќе ја помине ноќта на второто место на табелата во Бундеслигата откако вечерва на отворањето на колото го совладаа Аугусбург со минимални 1:0.

Победата за Штутгарт кој зад себе има одлична сезона и по подолг период се враќа во Лигата на шампионите ја обезбеди најдобриот играч на овој тим, напаѓачот Гираси.

Моментот на одлука беше три минути по почетокот на второто полувреме кога Гираси ја погоди мрежата противничкиот тим.

Штутгарт со овој тим дојде до второто место на табелата во Бундеслигата и има бод повеќе од Баерн Минхен. Баерн својот натпревар од ова коло го игра в недела против Волфсбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани