Гасперини: ТВ компаниите не се среќни што Аталанта ќе игра во финале, но ние сме надеж за многу тимови!

by riste
1 минути читање

Аталанта испиша историја, ќе игра во европско финале и тоа во Лига Европа, второто по ранг натпреварување, за противник ќе го има непобедливиот тим на Баер Леверкузен.

Тренерот Џан Пјеро Гасперини врши фантастична работа во Аталанта, вчера со убедлив триумф од 3-0 над Марсеј го заверија финалето.

„Финалето е меѓу два тима за кои ТВ компаниите не се среќни што се таму, но тоа им дава надеж на многу тимови. Тоа значи дека може да играте добар фудбал без притоа да имате милиони фанови низ целиот свет. Фудбалот е исто за 14,000 гледачи кои беа денеска во Бергамо“, рече Гасперини.

„Мислам дека финалето ќе биде историско за клуб како нашиот, тоа ќе биде неверојатно. Фудбалот е она што ќе го заслужите на теренот и тоа ја прави оваа игра прекрасна, не поради тоа што имате некакви генетски права преку вашата лоза како што некои сакаат да ја направат Суперлигата. Аталанта им дава надеж и на помалите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани