Гасперини: Не е важно само дека освоивме, туку како го направивме тоа!

by riste
1 минути читање

66-годишниот Џанпјеро Гасперини вечерва се радува на својот прв трофеј во историјата, Аталанта го надигра Баер Леверкузен, одигра брилијантно финале и заслужи да победи.

„Не е само дека освоивме, туку како освоивме. Ги победивме Ливерпул кога беа први во Премиерлигата, Спортинг и сеа Баер Леверкузен, ние сме екстремно горди“, изјави Гасперини.

На тренерот на Аталанта отсекогаш му беше важно неговиот тим не само да победува, туку тоа да го прави со стил. Таква беше оваа сезона, овојпат успеа да стигне до самиот крај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани