351
Директорот на Баерн Минхен, Макс Еберл потврди дека биле изненадени од одлуката на Ралф Рангник да ја одбие понудата да стане тренер на баварскиот тим.
Раководството на Баерн Минхен сакаше Рангник да биде наследникот на Тухел, но актуелниот селектор на Австрија реши да ги одбие.
„Ралф Рангник донесе животна одлука. Таа дојде како изненадување за нас. Но, тоае што е, продолжуваме понатаму“, рече директорот на Баерн, Макс Еберл.
„Тој беше кандидат за кој ќе бевме многу среќни да го видиме во Баерн“.