250
Фудбалерот на РБ Лајпциг кој игра за репрезентацијата на Словенија, Бенјамин Шешко, покажа одлична форма и на Европското првенство.
Младата словенечка ѕвезда забележа рекордни бројки и во еден параметар е водечки по групната фаза. Шешко го бележи најбрзиот спринт во групната фаза на континенталниот собир. Словенецот истрча најбрзи 35,9 километри на час, што е доста изненадувачки ако се согледа фактот дека е висок речиси два метри (195 сентиметри).
На второто место веднаш зад Шешко е Валентин Михаила со спринт од 35,8 км/х, додека ги следи Расмус Хојлунд од Данска со најбрз спринт од 35,5 км/х.