178
Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоја Лигата на шампионите на УЕФА овој викенд, откако ја совладаа Борусија Дортмунд со 2-0 на „Вембли“.
Поради добрите партии на патот до финалето, фудбалерите на „кралскиот“ клуб ги добија индивидуалните признанија. Винициус Жуниор е одбран за играч на сезоната во елитното натпреварување. Во кампањата на Реал тој придонесе со шест гола и пет асистенции.
Покрај него, за најдобар млад фудбалер е одбрана новата ѕвезда на „кралевите“ – Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец даде четири гола и подели пет асистенции.