Винисиус: Сакам да креирам историја како Тони, Лука, Карвахал, Начо… тие ни го покажаа овој пат!

by riste
1 минути читање

Винисиус Жуниор е импресиониран од своите постари соиграчи кои синоќа стигнаа до шесттата титула во Лигата на шампионите.

Вчерашниот триумф за Тони Крос, Лука Модриќ, Дани Карвахал и Начо Фернандез беше шести освоен пехар во Лигата на шампионите.

Винисиус вели дека и тој сака да го направи тоа во иднина.

„Сакам да направам историја како Тони, Лука, Карвахал, Начо… Тие се фудбалери кои освоија шест пати и ни го покажаа овој пат. Сакам да продолжам како нив“, вели Винисиус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани