384
Италијанскиот калчолигаш Верона размислува за тренерска смена, бидејќи во неделата дома беше декласирана од емполи со 1-4.
По 15 рунди во Серија А овој тим го забележа 11. пораз, а седми во последните осум кола. Поради кризата која сериозно ја дрма Верона, челниците се на работ да му врачат отказ на Паоло Занети.
42-годишниот италијански стручњак се верува дека речиси сигурно ќе добие отказ, само прашање на време е кога тоа ќе се случи. Доколку се исполнат најавите, екипата до крајот би можел да ја води Салваторе Бокети кој работеше како помошнин на Тудор и Зафарони, а сè уште е под договор со Верона.
Во моментов Верона е на 18. место со 12. освоени бода, но и ужасна серија зад себе.