Вегански активист прекина меч во Ла Лига (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Мајорка и Атлетико Мадрид беше прекинат на неколку минути поради упад на вегански активист на теренот на Балеарските Острови.

Станува збор за активист од групата „Веган Страјк“, кој истрча на тревникот со испишано тело и транспарент. Човекот имаше истакнато парола дека битките со бикови се срам за Шпанија, повикувајќи да се прекине оваа традиција на Пиринеите.

Редарските служби бргу успеаја да го фатат активистот, а како и во други вакви случаи камерите не го снимаа делото за да не му се дава на значење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани