350
Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез не се најде на списокот на селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте за Европското првенство, па реагираше на социјалните мрежи.
Брзо откако беше објавен списокот на Шпанија за ЕП на кој не беше Васкез, фудбалерот на Реал Мадрид постираше емотикони како плачат од смеење на твитер. Тоа беше за селекторот на Шпанците.
Но, малку подоцна се пишмани и го избриша постот откако наиде на осуда од јавноста. Тој се обиде да се оправда дека неговата објава не се однесувала на списокот на селекторот, но никој не поверува во тоа.