1,1K
Фудбалерите на Црвена Звезда вечерва во рамките од шестото коло во Лигата на шампионите ќе гостуваат на Милан.
Натпреварот се игра со почеток од 21:00 часот, а фудбалерите на Звезда на последниот тренинг на празниот „Сан Сиро“ ги дочекала провокативна порака.
Имено, на тренингот пред натпреварот на „Сан Сиро“ се појавил транспарент од фан клуб на Милан на кој пишувало „Косово“.
Српските медиуми бурно реагираат и ваквиот потег го нарекуваат срамен и скандалозен.