189
Хрватска денеска го почнува настапот на Европското првенство, а прв противник им е селекцијата на Шпанија, главна виолина на Хрватите и на ова натпреварување ќе биде Лука Модриќ.
Неговиот соиграч, Анте Будимир кој настапува за Осасуна, го објаснува значењето на Модриќ за репрезентацијата.
„Во сите мои години тука, ништо не се променило. Тој секогаш е во топ форма, секој ден, на секој тренинг и тоа поставува пример за сите нас. Тоа ги прави работите многу поедноставни за нас. Знаете дека треба да го следите тој стандард, да давате се од себе и навистина е одлично бидејќи тој ни помага на сите нас да бидеме најдобрата верзија од себе“, вели Будимир.