284
Пред два дена Клаус Џасула стана рекордер на Европските првенства, постигнувајќи го најдоцниот гол за израмнување.
Албанецот против Хрватска стрела за 2-2 во 95 минута, поточно во 94 минута и 23 секунди и со тоа се впиша во историјата.
Сепак, неговиот „рекорд“ траеше неполни 24 часа, односно до натпреварот меѓу Србија и Словенија. Лука Јовиќ погоди за реми на Србите на влезот во 96 минута, поточно во 95:00.
Со тоа асот на Милан го надмина Џасула и го има најдоцна постигнатиот гол на Европските првенства за реми. Секако, тука не се бројат погодоците постигнати во продолженијата.