Бојан Миовски по еден месец даде првенствен гол за Абердин (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски стигна до нов погодок во редовите на шкотски Абердин. Штипјанецот стрела во натпреварот против Сент Џонстон за водство во 63. минута.

Абердин доби најстрога казна, одговорноста ја презеде Миовски и сигурно го реализира пеналот за својот тим.

Ова за Миовски беше погодок број 22 во сите конкуренции за Абердин, додека само во првенството е на 15 гола и му недостига само еден да го повтори ланскиот учинок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани