Борусија е голем клуб: Пред финалето во ЛШ направи потег за респект

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд на 1. јуни по една деценија и поразот од Баерн Минхен повторно ќе игра во финалето од Лигата на шампионите. „Милионерите“ важат за клуб кој секогаш се грижи за своите луѓе, а сега уште еднаш го докажаа тоа.

Медиумите во Германија пренесуваат дека од Борусија ги известиле сите 519 вработени во клубот дека ги чека билет за финалето на „Вембли“. Борусија покрај специјалното место на стадионот на своите вработени им обезбедила превоз и смествување во Лондон.

Така сега буквално секој човек кој е вработен во клубот во некаква улога ќе има можност да биде на „Вембли“ и да го гледа финалето, секако и да навива за Борусија.

Покрај вработените, Борусија исто така обезбеди на трибините да бидат и сите младински категории на клубот почнувајќи од тимот до 12 години.

Против себе германскиот гигант ќе го има Реал Мадрид кој најмногу (14) пати го освојуваше најелитното европско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани