Болоња против Наполи им се врати на победите во Серија А и дојде на чекор од ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Eкипата на Болоња по двете нерешени средби во низа им се врати на победите во италијанското првенство и тоа со победа на гости кај актуелниот шампион Наполи кој игра сезона под очекувањата. Болоња во денешниот натпревар во рамките од 36. коло славеше победа од 0:2.

Избраниците на Тијаго Мота беа подобар противник од стартот на натпреварот, па така по само девет минути ја погодија мрежата на домаќините. Стрелец на голот беше Ндоје. Веќе три минути подоцна Пош се погрижи за зголемување на водството.

Голема прилика да се врати во игра Наполи пропушти во 21. минута кога Политано не реализираше најстрога казна. Иако натпреварот имаше бурен почеток до крајот резултатот не се промени.

Наполи во вториот дел ја презема иницијативата, но не успеа истата и да ја круниса со гол во мрежата на тимот кој е вистински хит во Италија сезонава.

На табелата Болоња е многу блиску за обезбедување пласман во Лигата на шампионите и за такво нешто во последните две кола потребни и се само два бода. Од друга страна Наполи е во битка со Фиорентина за осмата позиција која обезбедува место во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани