Беше уапсен со српска старлета, а сега ќе го суди финалето во Лигата на шампионите

by Стефан
2 минути читање

Од Европската ќука на фудбалот денеска ги објавија имињата на абитрите кои ќе судат во финалните натпревари на европските натпреварувања за сезоната 2023/2024.

Финалето во најелитното натпреварување, Лигата на шампионите му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ. За Винчиќ ова ќе биде 31. натпревар во елитното натпреварување.

Сезонава Винчиќ веќе судеше на пет натпревари во Лигата на шмпионите, последен пат на реваншот од четвртфиналето помеѓу Борусија и Атлетико Мадрид кој заврши со триумф на „милионерите“ од 4:2. Сега повторно ќе ја дели правдата во кој Борусија игра против клуб од Мадрид, но сега против „кралевите“.

Но, станува збор и за судија кој се најде во центарот на вниманието кога пред четири години беше уапсен во Република Српска заедно со уште 35 лица кај кои беше пронајдено голема количина наркотици и оружје. На истата забава присуствувала и српската старлета Тијана Ајфон.

Кога се останатите две финални средби во прашање, финалето во Лигата на Европа помеѓу Баер Леверкузен и Аталанта му е доделено на Иштван Ковач од Романија, додека финалето во Конференциската лига помеѓу Олимпијакос и Фиорентина ќе го суди Соараеш Диас.

Во женска конкуренција во финалето од ЛШ каде што ќе играат Барселона и Лион правда ќе дели Ребека Вел од Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани