Белингем: Немам зборови, ова е најдобрата ноќ во мојот живот!

by riste
1 минути читање

Џуд Белингем е пресреќен по освоениот трофеј во Лигата на шампионите, за него прва европска круна која е шлан на тортата на моќната негова сезона во дресот на Реал Мадрид.

Трофејот дојде во финале токму против Борусија Дортмунд, клубот од каде премина во Реал Мадрид.

„Отсекогаш сум сонувал да играм во овие натпревари. Немам зборови. Ова е најдобрата ноќ во мојот живот. Ова е перфектна сезона. Не можев ниту да сонувам за подобро од ова. Многу сум им благодарен на моите соиграчи, моето семејство, тимот зад сцената, физиотерапевтите, сите кои се тука. Ова е групна заслуга“, рече Белингем по мечот.

„Да бидам искрен, Дортмунд беше подобар во првото полувреме и можеше да води со два или три разлика. Но тоа е карактерот кој го имаме ние, да се вратиме. Голема почит и за двата клуба, клубот во кој сум сега е толку посебен за мене колку и мојот стар клуб. Немаше да биде ова можно без нив. Секогаш ќе им бидам благодарен и секогаш ќе имам почит за тоа што тие го направија за мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани