Бекам во Интер Мајами доведува уште еден спектакуларно засилување?

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Интер Мајами ниту сезонава не ја исполни целта и не успеа да стане шампион во МЛС лигата и беше елиминиран во првото коло од плејофот, а тоа може да биде причина за нови засилувања на Флорида.

Дејвид Бекам во тимот веќе има фудбалери како Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, а според последните најави новото големо име што ќе потпише за Интер Мајами може да биде Кевин Де Брујн.

Медиумите во САД пренесуваат дека Бекам има одлични шанси да го доведе Белгиецот и тој би можел да пристигне на лето.

Белгискиот фудбалер веќе подолго период се поврзува со заминување од Манчестер сити, но досега најчесто се споменуваше Саудиска Арабија како опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани