157
Унгарскиот напаѓач Барнабас Варга е ослободен од болницата во која престојуваше и се врати во родната земја.
Варга доби скршеница на јаболчната коска за време на натпреварот против Шкотска во третото коло на Европското првенство. По судир со голманот Ангус Ган, Унгарецот падна како покосен и потоа загуби свест на тревникот.
Сепак, лекарите успеаја бргу да му помогнат, Варга беше пренесен во болница и следниот ден беше опериран. По успешниот зафат унгарскиот фудбалер мина неколку денови под лекарски надзор, а сега е ослободен.
Заздравувањето на фудбалерот на Ференцварош ќе продолжи во родната земја.