713
Откако еден месец беше надвор од првиот тим, тренерот Шенол Ѓунеш го врати Енис Барди меѓу првотимците на Трабзонспор.
Според најавите, тренерот ќе се обиде да го разбуди тимот, а за тоа му се потребни промени. Барди ќе има среќа и повторно ќе добие шанса да заигра за Трабзон иако се споменуваше заминување уште во јануари.
Освен Барди во првиот тим ќе се вратат хрватскиот крилен играч Мислав Оршиќ, дефанзивецот Денсвил и напаѓачот Бозок. Тренерот Ѓунеш не успеа да направи успешни резултати со строгиот пристап, па ќе им „попушти“ на неколкуте играчи меѓу кои и македонскиот капитен.