Бадијала беше победничката серија, Челси му дава отказ на Покетино!

by riste
1 минути читање

Според „Телеграф“, Маурисио Покетино и Челси се разделуваат, наскоро се очекува оваа одлука и официјално да биде објавена од клубот.

Челси и Покетино веќе го договориле и обесштетувањето за заминување на тренерот.

Нејасно е кој ќе биде наследникот на Покетино, но според медиумите од Англија, Сините сакаат да назначат млад тренер, а тоа ги исклучува Конте и Мурињо од трката.

Покетино во финишот од сезоната имаше одлична победничка серија, но тоа не го предомисли раководството да му врачи отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани