120
Екипата на Арсенал за следната сезона обезбеди уште едно одлично засилување, откако го договори трансферот на Микел Мерино од Реал Сосиедад.
Веќе некое време преговорите беа во напредна фаза, а сега „топџиите“ го затворија договорот. Шпанскиот клуб ќе добие 32 милиони евра веднаш и уште пет низ лесно достижни бонуси од Арсенал. Се очекува Мерино да стави потпис на четиригодишен договор.
Инаку, Микел Мерино веќе има настапи во Премиер лигата, бидејќи имаше неславна авантура во Њукасл. Сепак потоа во Сосиедад го крена своето ниво, а беше дел и од селекцијата на Шпанија која го освои Европското првенство.