Анчелоти потврди дека ќе ја заврши кариерата во Реал, но има посебна желба

by 24 фудбал
1 минути читање

Славниот италијански тренер Карло Анчелоти во последната година повеќе пати се поврзуваше со потенцијално заминување од Реал Мадрид. Најзагреан за него беше Фудбалскиот сојуз на Бразил кој сакаше да го доведе на селекторското столче, меѓутоа не успеа во своите намери.

Сега Анчелоти зборуваше за иднината и откри дека кариерата ќе ја заврши во Реал, меѓутоа претходно има посебна желба која сака да си ја исполни.

„Мојата кариера ќе заврши во Реал Мадрид. Сепак, претходно имам желба и сакам уште еднаш да ја освојам Лигата на шампионите. Јас станав мадридиста, поврзан сум со клубот. Сакам навивачите и вработените во Реал да ги направам среќни“, прокоментита Анчелоти.

Карло Анчелоти е рекордер по бројот на трофеи во Лигата на шампионите, има вкупно четири (по два со Милан и Реал). В сабота против Борусија Дортмунд има шанса уште еднаш да го крене овој трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани