1,2K
Eдна од главните теми на Островот и понатаму е сообраќајната несреќа која ја доживеа напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио.
Антонио доживеа сообраќајка во која го целосно го уништи својот автомобил, а првите прогнози се дека ќе биде надвор од терените околу една годна.
Медиумите н Островот сега разговараа и со сведок на несреќата кој прв пристигнал да му помогне на фудбалерот.
Како што вели сведокот, Антонио во моментите по ударот не знаел каде се наоѓа и бил „изгубен“.
„Кога видов што се случи дотрчав до автомобилот да проверам дали има некој жив да помогнам. Антонио беше целосно дезориентиран: Ме праша каде се наоша и чиј е автомобилот?“, открил сведокот за медиумите.