Ал Наср загуби финале, Роналдо се истури плачејќи! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Ал Хилал на пенали го победи Ал Наср, а Кристијано Роналдо тешко го поднесе поразот, Португалецот плачеше, па не им беше лесно да го смират на луѓето од неговиот клуб.

Али Хилал во седмата минута поведе со гол на Митровиќ, а во 88. минута Јахија изедначи на 1-1.

Во дел од натпреварот Роналдо имаше фантастична можност со ножички да постигне прекрасен гол, но ја погоди стативата.

Беа покажни дури три црвени картони, во 56. беше исклучен Оспина од Ал Наср, во во финишот од регуларниот тек Ал Булаи и Кулибали беа исклучени кај Ал Хилал.

Во продолженијата немаше голови, па се изведуваа пенали. Се шутираа дури седум серии, Ал Наср промаши трипат, Ал Хилал двапати и го освои трофејот.

Роналдо не можеше да се смири од плачење по загубениот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани