Алаба е повреден, но на Европско првенство оди во поинаква улога

by 24 фудбал
1 минути читање

Стоперот на Реал Мадрид, Давид Алаба се повреди уште во натпревар од 17. коло на Ла Лига против Виљареал и оттогаш е надвор од терените. Искусниот Австриец ги скина вкрстените лигаменти во левото колено, а тоа е повреда поради која нема да може да игра на Европското првенство.

Сепак, селекторот на Австрија, Ралф Рангник, има интересна идеја за Алаба. Имено, фудбалерот ќе биде дел од делегацијата на Австријците и ќе има консултантска улога. Оперираниот дефанзивец би требало да биде дел од стручниот штаб на Рангник на претстојното Европско првенство.

Алаба е капитен на Австрија, па со самото тоа и е многу важен дел од колективот. Фудбалерот кој има огромно искуство ќе се обиде да придонесе на репрезентацијата на друг начин, иако не може да помогне на теренот.

Австријците ќе играат во групата Д со Франција, Холандија и Полска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани