Адеми со „меч-винер“: Македонците со Динамо се старо-нов првак на Хрватска!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Динамо Загреб по рекорден 25. пат во својата историја е шампион на Хрватска. „Модрите“ ја одбранија титулата, поточно седми пат во низа се прваци, но овојпат во сезона полна возбудувања и доста драма.

Симболично, капитенот Аријан Адеми со својот прв официјален гол по кам-бекот во Динамо го реши Осијек (1-0) и математички го обезбеди првото место на две кола пред крајот. За тоа помогна и Вараждин кој претходно денес ја совлада Ријека (3-1).

Стартери за тимот од „Максимир“ беа Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а фудбалерот за врска го постигна единствениот гол на натпреварот во 73. минута. На тоа му претходеше и црвен картон за Дуарте од Осијек, со што дополнително беше олеснета задачата на Динамо.

Динамо Загреб со 78 бода веќе е недопирлив, Ријека има 71, па следи Хајдук со 61 и Осијек со 51.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани