Четири Македонци во ЛШ, еве ги шеширите пред ждрепката!

by 24 фудбал
1 минути читање

Елитната Лига на шампиони во новата сезона ќе има нов изглед. Ќе се игра лигашки и плеј-оф дел, за разлика од стандардните осум групи. Ќе се натпреваруваат 36 учесници и веќе се познати шеширите за ждрепката која ќе се одржи в четврток во Монако. Извлекувањето е закажано за во 18:00 часот.

  • Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите:

Прв шешир: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Барселона

Втор шешир: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Милан, Арсенал, Бенфика, Клуб Бриж, Шахтјор

Трет шешир: Феенорд, Спортинг, ПСВ, Лил, Динамо Загреб, Салцбург, Црвена Звезда, Јанг Бојс, Селтик

Четврти шешир: Слован, Монако, Спарта, Астон Вила, Болоња, Жирона, Штутгарт, Штурм, Брест

Македонија ќе има четири претставници во главната фаза на Лигата на шампионите. Тоа ќе бидат Ељиф Елмас кој со Лајпциг од првиот шешир ги чека ривалите, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо се во третиот шешир, а Бојан Миовски со Жирона е во четвртиот шешир.

Лигашкиот дел стартува на 17 септември, секој клуб ќе игра осум натпревари наместо досегашните шест, а натпревари ќе има и во четврток.

Првите осум екипи на табелата одат директно во осминафиналето, додека оние рангирани од деветтото до 24. место ќе се судрат во дополнителна плеј-оф рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани