Звезда потпиша договор и со трет македонски талент!

by Стефан
1 минути читање

Младиот македонски фудбалски бисер, Матеја Масев, официјално стана дел од српскиот фудбалски великан Црвена Звезда, потпишувајќи го својот прв професионален договор со клубот од Белград.

На свеченоста по повод потпишувањето, присуствуваа претседателот на клубот, Светозар Мијаиловиќ, како и директорот на младинската академија, Никола Јелиќ, кои не го криеја задоволството од ангажманот на младиот Македонец.

Ова е само уште еден чекор во стратегијата на „црвено-белите“ да вложуваат во перспективни играчи од Македонија, откако веќе ставија потписи на професионални договори со уште двајца таленти – 18-годишниот Матеј Гаштаров и 15-годишниот Лука Трпески.

Црвена Звезда на дело ја потврдува довербата во младите македонски фудбалери, а ангажманот на Масев, Гаштаров и Трпески е доказ за сериозниот интерес и вниманието што белградскиот клуб го посветува на фудбалскиот потенцијал од Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани