Жозе Мурињо има нов прекар за Лео Меси по двата гола против Ливерпул

by
1 минути читање

„Црвените“ се на
прагот на елиминација откако на „Камп Ноу“ загубија со 3-0, но Јирген Клоп
немаше многу замерки за своите играчи и истакна дека е горд на она што го
видел.

Ливерпул беше
рамноправен противник, на стартот од вториот дел и создаде многу проблеми на Барса
и имаше неколку шанси за 1-1. Но откако не ги искористи приликите, на сцена
стапи Лео Меси кој со два погодока донесе убедлива победа за Барселона.

Жозе Мурњо за
Раша Тудеј даде свој коментар, верува дека клубот од Енфилд заслужил повеќе, и
додава дека разликата ја направил Лео Меси, кого го нарече Бог на фудбалот.

„Ливерпул одигра храбро. Во последните 20 години нема многу тимови кои успеале
да имаат поголем посед од Барселона на Камп Ноу во Лигата на шампионите. Обично
„каталонците“ доминираат пред своите фанови, но не беше така вчера“
– вели „Специјалниот“.

„Но Богот на
фудбалот ја направи разликата. Секако, тие има добар тим, феноменални фудбалери,
но тој играч (Лео Меси) е апсолутно неверојатен“.

„Ливерпул заслужи
многу повеќе од поразот од 3-0, но во исто време со последните два корнери лесно можеше да загуби и со 4-0 или
5-0“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани