Зошто Заха одби да клекне пред почетокот на дуелот помеѓу Кристал Палас и ВБА

by
1 минути читање

Пред почетокот на дуелот помеѓу Кристал Палас и ВБА, сите играчи клекнаа но не и Вилфред Заха, напаѓачот реши гордо да стои.

Самиот фудбалер веќе најави нешто вакво, пред неколку недели истакна дека било деградирачки да се клечи пред секој натпревар.

Попладнево беше испратено и соопштение во кое фудбалерот го објасни својот потег.

„Веќе неколку недели јавноста знаеше за мојата одлука да стојат пред почетокот на натпреварот. Нема права или погрешна одлука, но за мене лично, чувствувам дека клечењето стана само обична рутина пред почетокот на натпреварот и без разлика дали клечиме или стоиме, некои од нас продолжуваат да добиваат навреди“ – вели Заха.

„Знам дека се врши огромна работа зад сцената во Премиерлигата и дека властите прават промени. Го почитувам ова и сите кои се инволвирани, исто така имам огромна почит за соиграчите и играчите од другите тимови кои продолжуваат да клечат“.

„Како општеставо, мислам дека треба да охрабриме подобра едукација во училиштата, и копаниите кои стојат зад социјалните мрежи треба да превземат посилна акција против луѓето кои онлајн навредуваат други луѓе, не само фудбалерите“.

„Во моментов сакам само да се фокусирам на фудбалот и да уживам во тоа што повторно сум на терените“.

„Ќе продолжам гордо да стојам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани